Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.

