Директорката на Општата болница во Кавадарци, д-р Гордана Ѓорчева-Камчева, денеска излезе со официјални детали за смртта на двомесечното бебе, која ја потресе јавноста. Доенчето У.М. било хоспитализирано на 12 јануари поради обилно повраќање по хранење, но првичните анализи не покажувале сериозни отстапувања.

„Во текот на деновите кога беше на нашиот оддел, детето беше со уредни параметри и лабораториски анализи, без повраќање“, појасни директорката.

Сепак, вчера настанал драматичен пресврт. По итен повик од мајката дека бебето престанало да дише, дежурните екипи веднаш пристапиле кон спасување. Реанимацијата траела 35 минути со учество на педијатар и анестезиолог, но обидите биле неуспешни. Телото е предадено на обдукција по налог на обвинителството за да се утврди точната причина за фаталниот исход.

Exit mobile version