Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија
    • Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка
    • Три хороскопски знаци кои градат успешни кариери
    • Кој печател лажни возачки дозволи?
    • Не чека пеколен празничен ден – температури близу 40
    • Тргнува скопскиот градски воз: Објавен возниот ред
    • Трамп сега веќе не сака да преговара со Иран
    • Тошковски: Кога ќе можеме ќе ја информираме јавноста кој печател возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Платите во јули пораснаа за над 10,5%

    Мицкоски: Платите во јули пораснаа за над 10,5%

    24.09.2025 во 11:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со информација за движењето на платите, при што изјави дека никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата.

    „Видете, прво, никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата“, информираше премиерот.

    Токму со ваквите податоци од статистика, се распрснуваат како меур тезите на опозициската партија СДСМ дека платата не растела, долгот се зголемувал и дека Владата ги задолжила дури неродените генерации, рече тој и дополни дека вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година. Кој што, впрочем, беше и прв месец од оваа Влада.

    „Но, она коешто е важно е дека сите оние тези на СДСМ, дека платата не растела, дека долгот се зголемувал, дека сме ги задолжиле неродените генерации со седум милијарди итн. полека но сигурно, како меур од сапуница, се распрснуваат. Имено, вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година, којшто, впрочем, беше и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите не само што не растеле, туку и се намалувале, не држи вода“, истакна Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски нагласи дека на крајот од вториот квартал заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за 4%, другиот за 2,7%.

    „Исто така, СДСМ има уште една теза, повторно лажна, а тоа е дека сме ги задолжиле неродените генерации. Министерството за финансии излезе со јасен дијаграмски приказ колкав е процентот на државниот и јавниот долг од бруто-домашниот производ, и многу лесно можете да забележите дека на крајот од вториот квартал, заклучно со месец јуни 2025, за првпат после многу долго време, и државниот и јавниот долг се намалени едниот за 4%, другиот за 2,7%.

    Така што уште една теза на СДСМ дека сме ги задолжиле неродените генерации паѓа во вода. Мојата препорака до нив, би била да бидат конструктивна опозиција, да научат од грешките во минатото да не ги повторуваат, и набргу од денес да бидат фактор којшто ќе им служи на граѓаните, пред сè“, рече премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Економски патриотизам: САД им ставија царини – Канаѓаните престанаа да купуваат американски производи

    27.08.2026 во 20:13

    Цените во маркетите засега стабилно високи

    27.08.2026 во 19:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.