Close Menu
    Најново

    Уапсен во Косово убиецот од Скопската чаршија: 25-годишен Турчин го избодел Ахмет Мерт Доган четири пати во срцето

    02.01.2026 во 12:31

    Пијан возач на камион се заби во ограда кај Богданци: Полицијата му измерила 1,5 промили алкохол

    02.01.2026 во 12:21

    Дурмиши: 85.000 луѓе работат „на црно“, со новиот закон од 1 јануари ќе формализираме над 17.000 работници

    02.01.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Уапсен во Косово убиецот од Скопската чаршија: 25-годишен Турчин го избодел Ахмет Мерт Доган четири пати во срцето
    • Пијан возач на камион се заби во ограда кај Богданци: Полицијата му измерила 1,5 промили алкохол
    • Дурмиши: 85.000 луѓе работат „на црно“, со новиот закон од 1 јануари ќе формализираме над 17.000 работници
    • Државен инспекторат: Шест пати контролирана „Усје“, нема загадување над дозволеното
    • Се трага по едно лице со македонски пасош по пожарот во Швајцарија
    • Тошковски: Во една акција запленивме кокаин колку претходната власт за цел мандат од 7 години
    • Падна дилер со 10 кила кокаин: Дрогата ја криел во подвозјето на џипот, обвинителството бара притвор
    • Почина двегодишното дете кое од новогодишната ноќ се бореше за живот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

    Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

    13.10.2025 во 17:50
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се нацртаат контурите на тоа што треба да се работи во периодот којшто следи и како владата ќе ја води државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Росоман во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

    Мицкоски повтори дека на овие избори има две опции и тоа едната е да се вратиме назад и да се поддржи опцијата којашто ја поддржува коалицијата, некаде формална, некаде неформална, некаде полуформална, којашто се обединила поради две причини, а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто значи развој за државата.

    „Првата е жедта и непромислената желба за власт и втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Сега, последно коешто го слушнавме од претседателот на СДСМ е тоа дека тие не не мразеле или, да бидам попрецизен, не ме мразеле, туку ме презирале. Што не се изнаслушав на оваа кампања, од тоа што ми испраќаа пораки преку нивните новинари и перјаници дека ќе ме спакувале во куфер, ќе го распарчеле моето тело и ќе го спакувале во куфер, па до тоа дека ме презирале“, рече Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека на оваа изборна кампања не изнесе ниту една навреда за никого, за разлика од СДСМ и Венко Филипче, само кажувам дека изминатите седум години кога беа тие во владата имаа можност да покажат како се борат за својот дом.

    „А, ние видовме само грабеж, понижување, распродажба и омаловажување на својот народ, на својата држава и на своите граѓани. Тоа ако го чувствуваат тие како навреда, тогаш не знам навистина што да кажам. Вистината понекогаш боли. А толку внимавам, прво не личи на мојот карактер да навредувам, а второ ние ниту еден негативен спот не објавивме оваа кампања, цело време зборуваме за проекти, за план и за визија. Тие ја почнаа кампањата со црна кампања, со напади и ниски страсти како ќе ме спакувале распарчен во куфер и тоа би било штос во оваа кампања, така порача еден од нивните гуруа, чиишто колумни ги објавуваа и ги цитираат од раководството на СДСМ. Па се до последното што слушнав од човек којшто во суштина треба да е мој колега, редовен универзитетски професор, дека активистите на СДСМ мене ме презирале, не ме мразеле. Тоа е ниво повеќе, претпоставувам тука требаше да покаже мускули. Но во ред, нека му служи на чест“, порача Мицкоски.

    Од Росоман, претседателот Мицкоски порача дека граѓаните на 19 октомври ќе го кажат своето мислење, за што е сигурен дека тоа ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

    Популарно

    Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго

    02.01.2026 во 09:57

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Падна дилер со 10 кила кокаин: Дрогата ја криел во подвозјето на џипот, обвинителството бара притвор

    02.01.2026 во 10:58

    „Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија

    02.01.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.