Прогласувајќи победа во Кичево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека народот се обиденил против раскалашеноста.
-Падна Фатмир Дехари. Народот се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот. Но и покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадници против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, и останати, христијани и муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и онаа политика којашто им е потребна на граѓаните. На ова треба да работиме. Победи соживотот и вербата во вредности. Ова е важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети, рече Мицкоски, додавајќи дека Кичево мора да биде во владиниот фокус.
Рече дека тоа не е само политичка, туку и симболична победа.

