Мицкоски оствари средба со Жбогар: Власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оставри проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија Самуел Жбогар. Како што информираше Мицкоски на Фејсбук, на средбата разговарале за моменталната политичка состојба во земјава.

- Денеска остварив средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети. Посочив дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување - напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега