Мицкоски од Струга: Новата иднина се заедничките победи, патриотизам и општество во кое ќе се почитуваме
Новата иднина се заедничките победи и заедничкиот патриотизам. Тоа е нашата визија и шанса да го извадиме општеството од летаргијата во која е навлезено. Заедничкиот патриотизам го должиме на нашите предци, но и на идните поколенија, стои во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој напиша дека заедничкиот патриотизам е да имаме општество во кое ќе се почитуваме, во кое зборот ќе вреди, во кое ќе има натпревар на идеи и компетенции.
– Струга е подготвена за промени, проекти и нови победи, додава Мицкоски во својата Фејсбук објава.
28.10.2021 - 14:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа