Мицкоски од Петровец: Започна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас

За мене претставува чест и задоволство што денеска сум поканет на овој убав настан, почеток на градба на нова спортска сала која што знам дека ќе ја користат многу дечиња од Општина Петровец и од ова населено место, вели премиерот на Македонија Христијан Мицкоски.

„Честитки до градоначалникот, советниците, до Министерството и министерката, до пратениците од овој регион од овде од Изборна единица 3 што се залагаат, што континуирано предлагаат проекти кои што како Влада ќе ги поддржуваме и во иднина. Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме. Веќе разликата е евидентна, за нешто помалку од 2 месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност. Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности“, посочува Мицкоски и додава: 

„Уште еднаш нека е аирлија, нека е со среќа и нека се множат ваков тип на објекти уште повеќе“.

 
22.08.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега