Изборите завршија, да продолжиме со реализација на проектите тоа што сме го ветиле и земале обврска пред граѓаните да го реализираме, рече премиерот Христијан Мицкоски при поставувањето на камен-темелникот за изградба на нов културен дом во Петровец.
Јас му честитам на градоначалникот, навистина многу посветено работи што впрочем го покажува изминативе години и не случајно е и по 5 пат избран за градоначалник на Општина Петровец, уште поубедливо него ли во минатите неколку пати, истакна Мицкоски.
„Навистина благодарен сум за сето тоа што го прави за жителите на Општина Петровец и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините во испорачување на проекти коишто ќе значат додадена вредност во животите на граѓаните“, посочи Мицкоски.
Актуелно
- Случај „Онкологија 2“: Лекар сведочеше за превисока доза на терапија
- Филков: Ги усогласуваме законите со европските стандарди
- Безживотно тело на машко лице пронајдено на земјен пат во Чашка – познат идентитетот
- Обид за братубиство во Скопје
- Кривична пријава за поранешна директорка на училиште во Куманово: Проневерила 130.000 денари
- Трагедија кај Бучим: 13-годишник тешко повреден по пад од „хамачи“
- Украински војници, опколени сте, предајте се за да се спасите
- Пијан велосипедист тешко повреден во судир со „Ланд Ровер“ во Гевгелија

