Мицкоски од Пехчево: Со Обнова завршува времето на политичарите кои што владееја и шефуваа во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев денеска ја посетија општина Пехчево. Оттаму Мицкоски порача дека се чувствува победата на ВМРО-ДПМНЕ, по 15-ти јули ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата на Република Македонија. Доаѓа време на чест и достоинство.

-Ова не се избори како и сите останати. Ова се избори на кои што вие одлучувате за иднината на Македонија, одлучувате за иднината на вашите потомци но истовремено одлучувате и за честа на нашите предци кои што практично со живот го платија она што ние денеска го живееме. Затоа кога зборуваме за овие предвремени парламентарни избори, зборуваме за нешто многу повеќе од тоа. Изборот на овие предвремени парламентарни избори се сведува на две понуди. Кои што една од друга се многу различни. Од едната страна ја имате понудата на СДСМ со веќе истрошени, потрошени политичари кои што буквално немаат никаква идеја, никаква визија што да понудат за иднината на нашата Македонија. А, од другата страна го имате ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ кои што имаат решение за сето она кое што го нудат во програмата, за сето она кое што е содржано во оние 360 страни, кои што ги понудивме пред граѓаните, појасни Мицкоски.

Рече дека од едната страна граѓаните го имаат СДСМ со сиот свој криминал и корупција, беззаконие, а од другата страна граѓаните го имаат ВМРО-ДПМНЕ каде што се ветува нула толеранција за криминалот и закони кои што ќе владеат на целата територија на Македонија.

-Матрицата на СДСМ секогаш е содржана во четири чекори. Првиот чекор без исклучок е пред кампања лага. Обид да се излажат граѓаните да му ја дадат поддршка за СДСМ или коалицијата која што ја предводи СДСМ. И претпоставувам нешто слично ќе се случи овде со раката на срце, налево и надесно, ќе  се колне во најмилото, жицата, конецот, времето, племето, семето и ќе каже по некоја шега. Но затоа ќе каже многу невистини. Мислејќи дека на тој начин ќе ја добие поддршката на граѓаните. Потоа доаѓа вториот чекор во таа нивна матрица. А, тоа е национален срам и понижување. После вториот следува и третиот чекор, а тоа е пљачка и криминал. И конечно на крај се заробува обвинителството, се заробува судството. Обвинителството заробено им служи за пресметка со политички неистомисленици. А, додека пак судството им е потребно за некоја „трас – трас“ судска одлука за некоја нова амнестија со која што ќе се избрише некоја неправда од минатото, истакна Мицкоски.

Посочи дека матрицата на СДСМ е секогаш иста и не се менува. Криминалиите на СДСМ се безброј, но сепак граѓаните ги знаат сите и знаат дека СДСМ во државата само донесе криминал, сиромаштија, рекет.

-Апелирам до секој оној кој што денеска планира, има намера на 15-ти јули да излезе и да заокружи пред името на Љупчо Николовски и СДСМ, Коалицијата со Беса, заокружува за уништување на Македонија. Треба секој да го има тоа пред себе, кога ќе излезе на изборите и кога ќе го заокружи тој број, нагласи Мицкоски.

Вели дека на 15-ти јули граѓаните на Република Македонија се мудри и ќе излезат и ќе го заокружат бројот 14, нема да дозволат СДСМ да ја уништи државата. Граѓаните ќе гласаат за обнова на Република Македонија.

-Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата, ќе работи за интересите на народот и во име на народот. Заврши времето на политичарите кои што владееја и шефуваа во Македонија. Тоа се политичари во минатото заборавени и заглавени. Доста е од политичари легнати во кожни фотелји, кои што се возат во долги лимузини климатизирани и платени со народни пари. Секој оној кој што се одлучил да се придружи на обновата, заедно тука со народот ќе слуша што има народот да каже и заедно со граѓаните ќе ја обновува Македонија, вети Мицкоски.

Порача дека по 15-ти јули доаѓа обновата на Република Македонија, доаѓаат најубавите четири години за граѓаните на Република Македонија. Се што пишува во Програмата по 15-ти јули ќе започне да се испорачува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега