Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Илинден: 1.200 проекти се градат низ цела држава

    Мицкоски од Илинден: 1.200 проекти се градат низ цела држава

    28.07.2026 во 12:242 Mins Read
    ФОТО: Влада
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Преку стратегијата за директна реалокација на средства од централниот буџет кон локалните самоуправи, во овој момент низ целата држава се реализираат повеќе од 1.200 конкретни проекти. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Илинден. Кажа дека градежната офанзива целосно ја менувала сликата за земјата.

    „Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од првиот и вториот повик и веќе да размислуваме за третиот повик што мислам дека ќе биде исто така потребен, во меѓувреме општините подготвуваат нови проекти, што е добро, така што јас само можам да им честитам на градоначалниците во случајов, да му честитам на градоначалникот на Општина Илинден“, вели Мицкоски.

    Осврнувајќи се на работата на терен во општина Илинден, премиерот се заблагодари на сите кои учествуваат до сите кои учествуваат во реализацијата на овие проекти.

    „Навистина Александар прави импресивни работи овдека, да се заблагодарам на поддршката којашто ја добива градоначалникот од страна на советниците, од страна на администрацијата во Општина Илинден, на пратеничката којашто доаѓа тука од Општина Илинден и којашто ја поддржува секоја иницијатива за проект повеќе овдека во Општина Илинден, на колегите од Владата коишто исто така работат деноноќно да испорачаат проект повеќе, така што една заокружена слика имаме и таа слика денеска ја менува сликата за Македонија, од една држава којашто беше ограбена, понижена, засрамена доаѓаме до држава во којашто се гради напред и така ќе продолжиме ние како Влада понатаму да функционираме,“, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.