Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање за прием на деца. Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил утрово информира за изградбата на градинката во населеното место Дексион во општина Ѓорче Петров, објект со површина од 900 квадратни метри, со капацитет за 120 деца.

– Објектот е со површина од 900 квадратни метри и капацитет за 120 деца, проектиран според највисоки европски стандарди за безбедност, пристапност и енергетска ефикасност. Градинката ќе располага со современи занимални, голем централен хол и модерна централна кујна, целосна пристапност за лица со попреченост, како и уредени детски игралишта, зеленило и урбана опрема. Со реализацијата и пуштањето во употреба на објектот ќе се обезбедат нови места за прием на деца, ќе се намалат листите на чекање, ќе се отворат нови работни позиции и ќе се растоварат постојните капацитети во општината. Инвестицијата изнесува 85.000.000 денари и е обезбедена од Буџетот на Владата, преку Министерството за социјала, демографија и млади, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Exit mobile version