Мицкоски: Ниту скрининг има, ниту преговори има, вчера имаше само обична фотосесија

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Бутел, при што одговараше на новинарски прашања.

Ниту скрининг има, ниту преговори има. Тоа што тие го нарекуваат скрининг е мониторинг кој трае од првиот момент кога ние сме земја кандидат, од 2005 година, 17 години, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека можеби според власта тоа се нарекува скрининг, но нема врска и тоа е јасно покажано во документите кои ги потпишаа вчера.

- Ниту има преговори, ниту ќе почнат. Јасна е позицијата, за да почнат преговорите потребно е да се смени Уставот, според Заедничкиот став на Европската Унија, член 11 вели дека мора прво да се смени Уставот, односно да се вметне дел од бугарскиот народ во Преамбулата, па дури потоа да се одржи онаа вистинска меѓувладина која ќе почне да го води процесот на скрининг и отворање на кластерите и поглавјата, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека вчера имаше само обична фотосесија, а богами се заблажиле, видовме торти имаше таму.

- Така што отприлика тоа е што вчера  се случуваше. Албанија ќе преговара, а ние ќе седиме во чекалната, изјави Мицкоски.

20.07.2022 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега