„Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, нивните црвени линии како што вели „вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволам да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

Мицкоски укажа дека логично се поставуваат прашања како зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат, за кого работат, до кога ќе им трае ангажманот.

„Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е  нема да ја почитуваат“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски заклучи поради оваа ароганција и поради многу други работи таа партија и тие луѓе мора жестоко да се казнат на овие избори.

Leave A Reply

Exit mobile version