Мицкоски најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании
„Кажав дека не се само тие 250 милиони евра, имаме една кредитна линија која е на располагање, долго време не се користи, тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка и како Влада, ја разгледуваме можноста да Владата ја плати каматата, да може бизнисот да го користи кредитот, односно главнината. Тоа се 350 милиони евра и ценам дека оваа помош, барем со уште 350 милиони евра дополнителни кои ќе дојдат од бизнисот, ќе заокружи една инвестициска активност од 700 милиони евра, што ќе влијае врз Бруто домашниот производ и ќе влијае на пазарот на труд, ќе отвори нови работни места“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека се работи за еден комплексен процес кој не е за политички поени или популизам, туку целта е да како држава бидеме водечка во регионот, а не на дното и да гледаме како другите не претркуваат.
„Што се однесува до другиот дијалог со синдикатот ние стоиме на располагање, ќе разговараме и мораме да водиме сметка за иднината на држава, а, затоа што ако немаме здрава економија ќе немаме ни вработени, тоа е многу важно, затоа што колку повеќе се празни државата толку помали ќе се приходите во буџетот, толку помалку пари за плати, пензии, капитални инвестиции, поддршка. Тоа е еден систем, ние мораме тој систем да го организираме да функционира беспрекорно ако сакаме сите заедно да бидеме среќни, тука нема кој добил или изгубил, еден ако изгуби, сите губиме. Мора низ дијалог да седнеме да направиме систем кој ќе функционира и во иднина“, потенцираше премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа