Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: На следните избори останува техничката влада

    Мицкоски: На следните избори останува техничката влада

    23.04.2026 во 20:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во Дневникот на ТВ Сител говорејќи за измените на Законот за Влада истакна дека согласно овие измени техничката влада останува и на следните избори, а се укинува за изборите после нив, па оттука стравот на опозицијата и на Филипче кои се противат на овие измени е дека и следните избори ќе ги изгубат.

    „Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека како што беше за изборите во 2024-тата, на изборите во 2020-тата, на изборите во 2016-тата така и сега на следните избори парламентарни останува техничката влада. Јас 100 дена пред одржување на изборите како политички претседател на Владата давам оставка, доаѓа технички премиер, го бира Парламентот, опозицијата СДСМ учествува со свои кадри во рамките на владините тела, министерства, заменици министри итн. Мора јавноста ова да го знае, ова е факт дека на следните избори ние ќе имаме техничка влада. Бидејќи самиот претседател на СДСМ вели дека се тие толку силни организирани, луѓето го препознаваат тоа, се приклучуваат кон СДСМ видни интелектуалци професори итн., претпоставувам дека на следните избори на коишто ќе има техничка влада тие ќе победат и ќе формираат политичка влада. Законот вели дека од тие избори потоа, нема да важи, а тоа значи дека тие коишто ќе ја предводат владата после победата на следните избори веќе ќе немаат техничка влада, ќе можат да си владеат со владата, ќе можат да ја управуваат државата итн. Тоа се законските измени, тоа е суштината“, потенцираше Мицкоски.

    Тој исто така додаде дека ако СДСМ е толку силна и екипирана и дека ќе победи на следните избори како што тврди Филипче, во тој случај на следните избори СДСМ би формирала влада а ВМРО-ДПМНЕ би била опозиција на изборите потоа, па затоа не се разбирливи аргументите на СДСМ со кои се спротивставуваат на ова решение.

    „И сега ако ние веруваме дека сме зрела демократија и зрело демократско општество, ако ние веруваме дека навистина техничката влада си го одработила своето и застануваме позади овој концепт, притоа ризикувајќи дека вака како што вели тој, мобилизирана, екипирана СДСМ, секојдневно и се приклучуваат интелектуалци, професори итн., победува на следните избори, тоа значи дека на тие избори после следните ние ќе бидеме опозиција, а тие ќе бидат влада. Така што јас навистина не можам овие аргументи, овие тези би рекол без никаква логика, да ги разберам“ истакна Мицкоски и додаде:

    „Следната влада без разлика дали тоа ќе бидат редовни или предвремени, овие измени овозможуваат да има техничка влада. Бидејќи се силни, без разлика на анкетите, еве велат дека имаат анкети и сме губеле 150 илјади гласа, го кревале својот потенцијал, им се приклучувале луѓе, интелектуалци, професори, токму тука ја даде таа изјава, во ова студио, а тоа значи дека на следните избори тие ќе победат и потоа ќе можат нормално да си организираат некои идни парламентарни избори во коишто ние ќе бидеме опозиција. Ако се толку сигурни“.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.