Мицкоски: Многу блиску сме до ново мнозинство во Собранието и рушење на оваа власт - потоа ќе одговараат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека има придвижувања во однос на зголемувањето на бројот на нивните пратеници во Собранието, но од медиумите побара трпение потенцирајќи дека тоа „многу брзо ќе се знае“.

– Има. Бидете трпеливи. Го реков тоа и во моите изјави пред неколку недели. Бидете трпеливи. Многу брзо ќе знаеме дали јас сум бил во право или Зоран Заев. Можеби има политички партии што се дел од коалицијата со СДСМ. Не би сакал сега во моментов да зборувам работи за коишто е потребно, верувајте, голема дискреција за да може целта да биде остварена, а целта е оваа Влада да падне, изјави Мицкоски, кој денеска беше во посета на Зелениот пазар во центарот на Скопје заедно со неколку партиски функционери.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека за нив е битно што поскоро оваа Влада да падне, а потоа „да следи одговорност за се тоа што е сторено овие четири години“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега