Close Menu
Press24
    Најново

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на преговарање, сакаме европска иднина, но со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма

    Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на преговарање, сакаме европска иднина, но со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма

    11.10.2026 во 15:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Што се однесува до отвореното прашање со нашиот источен сосед, ние не бараме светот да се прилагодува на нас. Ние бараме да бидеме третирани со иста почит со која ние ги третираме другите. И  затоа сакам јасно да кажам: нема да ја градиме иднината врз омраза. Нема да ги претвораме разликите во непријателства. Нема да дозволиме минатото да биде пречка за соработка. Но нема ниту да се откажеме од сопственото достоинство, бидејќи вистинското пријателство не бара откажување од себе. Вистинското пријателство се темели на заемна почит. Вистинската европска иднина мора да биде иднина во која ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма. Не со чувство на пораз и горчина, туку со чувство на припадност.

    Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Свечената академија по 11 Октомври – Денот на народното востание.

    Рече дека се нервозни од опозицијата, затоа навредуваат, најлесно е да лажат и манипулираат.

    -Немаат ниту визија, ниту пак програма. Единството нешто кое што го имаат и тука се светски шампиони, е да потпишуваат се што ќе им биде ставено на маса, секој бел лист хартија, само нормално тоа ако може да го платат граѓаните. Нив ги интересира само фотелја и власт, подвлече Мицкоски.

    Кажа дека целта на Владата е европска иднина. Но, држава која е сигурна во себе, во својата историја и во својата иднина.

    -Достоинство кое не е предмет на преговарање. Сакаме европска иднина, силни сојузништва и пријателства, но со исправена глава. Македонскиот идентитет, јазик и историја се нашето многувековно наследство, нашата гордост и нашата обврска кон идните генерации. Нашата татковина е поголема од секоја партија и секоја влада. Политичките разлики не смеат да бидат посилни од заедничката одговорност. Потребно ни е единство околу големите стратешеки цели, порача премиерот Мицкоски.

    Тој меѓу дртугото потернцира дека на 11 Октомври не се одлучувало само како ќе се живее утре, туку вели, се одлучувало и дали идните генерации ќе имаат право сами да одлучуваат за својата судбина.

    -Со Бугарија нè поврзуваат соседството, историјата и иднината на овој регион. За минатото можеме да имаме различни толкувања. За иднината мора да имаме заедничка одговорност – да изградиме односи во кои никој нема да мора да го негира другиот за да го потврди себеси. Нашиот јазик не е пречка за европската иднина. Тој е дел од европското културно богатство. Нашиот идентитет не е проблем што треба да се реши, туку достоинство што треба да се почитува. Не бараме Европа да избира меѓу Македонија и Бугарија. Бараме европските принципи да важат еднакво и за Македонија и за Бугарија. Не сакам генерациите што доаѓаат да ја наследат нашата недоверба. Сакам да ја наследат нашата храброст да ги решаваме проблемите, рече премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.