Close Menu
    Најново

    Мицкоски: Македонија мора да застане исправено, за иднината на генерациите

    06.12.2025 во 12:02

    СДСМ: Британската амбасада ја потврди соработката за мигрантите, кој сега лаже?

    06.12.2025 во 11:53

    Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

    06.12.2025 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски: Македонија мора да застане исправено, за иднината на генерациите
    • СДСМ: Британската амбасада ја потврди соработката за мигрантите, кој сега лаже?
    • Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда
    • ФОТО: Сејф сити му пиша казна на Тошкоски – возел 1км/ч над дозволеното
    • Томовски: СДС да ми се извинат – во моментов немам никаква приватна компанија
    • (ВИДЕО) Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци – се очекува реизбор на Мицкоски
    • Уапсени двајца крадци – оперирале низ продавници и маркети
    • Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани се понатамошни разговори
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Македонија мора да застане исправено, за иднината на генерациите

    Мицкоски: Македонија мора да застане исправено, за иднината на генерациите

    06.12.2025 во 12:02
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Секое сериозно движење и организација мора да има цврста основа, јасна рамка и патоказ кој ќе ја одреди иднината. Македонскиот плурализам донесе многу политички партии, но многумина исчезнаа, некои беа експерименти, додека други се борат за опстанок поради погрешни одлуки и слабости во лидерството.При силните ветришта и бури, вистински се тестира силата на врзивното ткиво на организацијата – нејзината идеологија, уверувањата и желбата за успех. Кога се напушта идеологијата, се губи идентитетот и се заменува колективната среќа со индивидуални интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот Конгрес во Кавадарци.

    Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е голема партија која ја носи историјата, борбите и соништата на многу генерации.

    -ВМРО и Македонија биле сопатници низ времето. ВМРО секогаш постоело и постои за една цел – Македонија!, потенцираше Мицкоски.

    Според него, државата се гради со карактер и храбри одлуки, а не со зборови.

    -Иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки. Денес зборуваме за обновата на македонската самодоверба и враќањето на чувството дека оваа земја не е експеримент, туку наследство од генерации што се бореле за да постоиме, рече Мицкоски.

    Тој истакна дека Македонија не смее да живее во дефанзива, туку мора да застане исправено, со достоинство и јасна мисла.

    -Напредокот не доаѓа од оние што чекаат, туку од оние што тргнуваат да го создадат. Ниту надворешни сили ќе ја изградат нашата држава, ниту ќе ни ја заштитат историјата. Тоа е наша должност и генерациска мисија, нагласи лидерот.

    На конгресот беше презентиран и новиот документ – „Стратегија Македонија 2030“, придружен со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните, кој претставува визија за иднината на државата и генерациите што доаѓаат.

    -Овој конгрес се случува по историската победа на последните локални избори. Победите ни даваат одговорност да ја водиме државата, но и да го трасираме патот за иднината. Народот сеуште живее тешко и мачно, и ние сме тие кои мораме да донесеме надеж и подобра иднина, рече Мицкоски

    Популарно

    Филипче: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

    05.12.2025 во 19:24

    Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

    05.12.2025 во 12:27

    Се запали авион: Кабината се наполни со чад, луѓето скокаа по рампи за да се спасат

    05.12.2025 во 19:21

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.