Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во државното здравство е извршена првата трансплантација на рожница, што претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред, особено за пациентите на кои им е потребен ваков високо-специјализиран третман.
Со оваа операција, посочува премиерот, Македонија се вбројува меѓу ретките држави во регионот кои извршуваат вака сложена процедура.
Трансплантациите беа изведени во соработка со врвни меѓународни експерти:
Докторите Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот.
Операциите беа изведени заедно со тим на македонски офталмолози.
Овој процес беше координиран од Националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, и доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, директор на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје.
„Се изведоа девет операции за прв пат во државата како најсовремена трансплантациона метода. Ова е голем чекор за македонското здравство“, напиша Мицкоски.

