Мицкоски: Лидија Димова е зрела за кривична одговорност за злоупотребите во националната агенција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на граѓаните на LiveChat во живо на Фејсбук, истакна дека Лидија Димова е зрела за кривична одговорност пред законите за злоупотребите во националната агенција.

– Јас би рекол дека Лидија Димова не е зрела за оставка, туку е зрела за кривична одговорност и пријава поради злоупотреба на службена должност. Ценам дека Лидија Димова со сите оние злоупотреби кои ги направи во агенцијата, не треба да се бара оставка туку веднаш детална истрага од страна на обвинителството за начинот на кои се делеле тие средства и дали ја оправдале целта и намената за која биле трошени, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде по завршување на дебатата поврзана со ребалансот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи надзорна расправа за работата на Лидија Димова во Националната агенција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега