Мицкоски: Ковачки ви ја кажал вистината – Долга е раката на ВМРО исто како и вистината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук му даде поддршка на полковникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки по најавата за негова дисциплинска. Мицкоски смета дека Ковачки е најдоброто од македонската армија, а Шекеринска најлошото од македонската политика.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал „долга е раката на ВМРО”.

Кој е Ковачки?

Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица „Волци”.

Официр од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак.

Командант на Првата механизирана пешадиска бригада.

Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање.

А која е Радмила Шекеринска?

Кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години.

Учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев.

Позната по „бонбона бизнисите” и матната продажба на ЕСМ.

Позната по аферата „кирии”, домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет.

Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика.

Ковачки, главата горе, овој пат одиме до крај. Или тие, или Македонија.

П.С. И Ковачки ви ја кажал вистината. Долга е раката на ВМРО исто како и вистината! И овој пат одговорност за криминалците ќе има, нема друга алтернатива.

Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал "долга е раката на ВМРО". Кој е...

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 12 March 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2021 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега