По ескалацијата на Персискиот Залив, Владата ќе ги намалува акцизите на горивата. Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата откако САД, Израел и Иран повторно влегоа во конфликт.
– Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци, цените се такви што сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива, изјави Мицкоски, одговарајќи денеска при посетата на Дебрца.
Во понеделник се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ја соопшти новата цена на горивата која ќе важи во следните седум дена.

