Премиерот Мицкоски вели дека реформите кои се однесуваат на правосудниот систем а кои ги бара ЕУ главно се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите. Тој вели дека со овој рејтинг кој го имаат, судиите и обвинителите не заслужуваат да земат повеќе плата.
„Ќе ја донирам мојата плата за судиите и обвинителите, само нека судат по закон. Нека работат професионално, независно и без притисоци. Ако тоа се случи – јас сум подготвен секој месец да ја давам мојата плата како поддршка за правдата во државата. Сакам да живееме во систем во кој правото функционира еднакво за сите.“ – рече Мицкоски
Тој објасни дека земјава наследила тешка економска состојба и дека за идната година имаме за враќање долг од 2 милијарди евра што е една третина од нашиот буџет кој тежи 6 милијарди евра.
Актуелно
- Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“
- Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија
- Трамп: Му реков на Путин да престане да ги напаѓа украинските градови, се согласи
- Стоилковиќ: Во моето министерство сите што земаат плата – мора да дојдат на работа
- Јаневска: Ред во образованието ќе ставиме со оптимизација на училишната мрежа, едносменска настава и продолжен престој
- Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
- Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги
- Томовски: Во план е заедно со Град Скопје да ја модернизараме жичницата до Водно

