Мицкоски: Имаме поважни работи од уставните измени
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека час поскоро треба да се затвори темата околу евентуалното гласање на нивните пратеници за уставните измени и потребното мнозинство за внесување на бугарското малцинство во Уставот.
-Коалицијата за Обнова на Македонија нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот. Имаме поважни работи, не крадат, здравството е катастрофа, децата немаат книги, дајте тоа да збориме. Ова треба да го затвориме и да го игнорираме, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски го коментираше и составот на експертите кои се дел од работната група за уставните измени.
-Тие се експерти? Немам што да додадам за семејните стебла во ДУИ и СДСМ. Се срамам од нивниот срам, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека не очекува ништо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа