Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
    • Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
    • Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
    • Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“
    • Полска ги подигна борбените авиони: Руски хеликоптер навлегол во воздушниот простор
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Велковски на состанок во Подгорица: Се најавува национален агрегатор за млади со визија за регионално поврзување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите – одговорност ќе има

    Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите – одговорност ќе има

    18.09.2025 во 21:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алсат говорејќи за последните случувања со пожарите истакна дека постојат индиции кој може да биде инспиратор за сето тоа, веќе има поголема група на осомничени, и потенцираше дека институциите брзо се справија со предизвикот, ситуацијата е нормализирана, а одговорност ќе има за сите тие кои не сакаат да имаме стабилна и држава која напредува.

    „Има индиции, имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, но можам да кажам дека сум исклучително задоволен што за многу кратко време институциите во една координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот и денеска можам да кажам дека состојбата и во Дрисла, и Вардариште, и во Трубарево е нормализирана и нема ни чадење“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека се ова што го зборува е врз основа на информациите со кои располага, но она кое е најважно е дека состојбата е под контрола, граѓаните да бидат мирни и спокој и институциите кога се пред предизвик се организираат и екстремно брзо реагираат.

    „Веќе имаме една група од дваесетина лица која е под мониторинг за која постои основано сомневање дека девијантно се однесувала во изминатиов период и оставам органите на прогон да си ја завршат својата работа. Многу лесно можете да дојдете до тоа кои се тие центри на моќ, тоа се тие кои не сакаат Македонија да биде успешна земја, кои не сакаат да имаме стабилна Македонија која ќе се развива, ќе ниже успеси, ќе расте ќе владее правото, ќе нема корупција и криминал, тие сакаат да ја видат таа Македонија од претходните 7 години понижена, ограбена, засрамена, со политичари со свиткани кичми. Многу лесно граѓаните ќе дојдат до одговорот“, изјави премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски посочи дека од почетокот на сезоната на пожари до денеска има повеќе од 30 лица приведени за кои постојат основани сомненија, но и докази дека учествувале подметнување на пожари.

    „Ќе се сетите од случувањата во јуни кога наеднаш во околината на Скопје на неколку локации се случија неколку пожари, неколку лица беа приведени, за некои постоеше основано сомневање дека учествувале во подметнување, а во текот на летото исто така, и сега во Вардариште имаше акција, МВР приведе неколку лица и е одредена мерка притвор, исто и во Трубарево и Дрисла. Сите овие пожари кои се случуваат, можеби има кои не се од човечки фактор, но најголемиот дел од нив се предизвикани од човечки фактор“, додаде премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски истакна дека тоа што минатата влада седум години го уништуваше системот, ги клекнаа институциите на колена и го направи најголемиот грабеж во историјата не може да се поправи за 15 месеци, но оваа влада досега успеа да поправи многу, а уште многу останува да се направи. „Дали ние за 15 месеци можеме да поправиме се што е уништувано тие седум години, не. Ние направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека голем е бројот на министри кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото“, изјави премиерот Мицкоски.

    Featured Top News
    Прочитај повеќе

    Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка

    23.09.2026 во 17:19

    Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули

    23.09.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.