Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед, посакувајќи празничните денови да донесат радост, мир, здравје и благосостојба.

Во честитката, Мицкоски нагласува дека Курбан Бајрам потсетува на вредностите на солидарност, човечност, меѓусебна почит и грижа за ближните, повикувајќи на заедничко градење на општество засновано на разбирање и единство.

Тој посочува дека различностите треба да бидат сила, а заедништвото иднина на општеството, додавајќи дека празникот носи радост, топлина и надеж во секој дом.

На крајот од честитката, премиерот упатува желби за мир, спокој и бериќет во семејствата и среќен Курбан Бајрам.

Exit mobile version