Close Menu
Press24
    Најново

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Фон дер Лајен рече дека правиме „импресивна работа” – опозицијата демантирана

    Мицкоски: Фон дер Лајен рече дека правиме „импресивна работа” – опозицијата демантирана

    09.10.2026 во 08:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пораките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претставуваат потврда за реформските активности на Владата и се спротивни на критиките што ги упатува домашната опозиција.

    Во гостување на телевизија Алсат М, Мицкоски изјави дека оценката на Фон дер Лајен за работата на Владата ја побива тезата на опозицијата, предводена од Филипче, дека реформите не се спроведуваат.

    Тој посебно ја издвои употребата на зборот „импресивна“ од страна на претседателката на Европската комисија, оценувајќи ја како значајна позитивна порака за реформските процеси во земјава.

    Таа вели, вие правите импресивна работа, тоа, ќе се согласите ,претставува највисоко ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинации што таа ги посети. Ние збориме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа Влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје, беше на неколку други места и само тука го искористи тој вординг, односно највисоко нивно на суперлатив, кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи, демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме – посочи премиерот Мицкоски.

    Според Мицкоски, ваквата формулација е особено важна бидејќи, како што тврди, Фон дер Лајен не користела слична реторика при нејзините претходни посети на други земји.

    Премиерот нагласи дека Владата продолжува со реформите и дека оценката од највисокото раководство на Европската комисија ја смета за потврда на нејзината работа.

    Just In Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.