Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата на опозициската СДСМ, предводена од Филипче, дека Владата преговара за прифаќање мигранти од Велика Британија.

Мицкоски ја оцени кампањата на опозицијата како „салта и гимнастики“ и недостаток на идеја.

„Јас ги разбирам, немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви. Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања“, изјави Мицкоски, додавајќи дека ваквата кампања е насочена против партија чија фундаментална политика е борбата против илегалната миграција.

Тој нагласи дека, и покрај изјавите од Обединетото Кралство за испраќање на неуспешни апликанти, „за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени.“

Мицкоски децидно порача: „Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија.“

Наместо прифаќање мигранти, премиерот најави засилена борба против илегалната миграција со развој на проектот „Сејф кантри“ по примерот на „Сејф сити“, со цел границите да бидат целосно под мониторинг.

Exit mobile version