Мицкоски: Денеска ќе објавам нови инфорамции за скандалот „Онкологија“

 

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на социјалните мрежи најави дека денеска на прес конференција ќе објави нови детали од скандалот на Онкологија.

Во 12 часот ќе се обратам на прес конференција на која ќе објавам нови сознанија за скандалот на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Дивото месо на корупција и криминал, таа канцер мафија треба да биде победена и да има одговорност! – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Како што и самиот најави, прес конференцијата е закажана за точно на пладне. Тој во изминатите денови веќе објави дека до неговата партија дошле документи кои ги добиле од свиркачи и кои даваат индиции за сериозен криминал на Онкологија.

 

 

02.11.2023 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега