Close Menu
    Најново

    Зеленски: Унгарски дронови го нарушија воздушниот простор на Украина

    26.09.2025 во 23:21

    Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој

    26.09.2025 во 22:58

    Нетанјаху: Да им се даде на Палестинците држава до Ерусалим по 7 октомври е како да ѝ се даде на Ал Каеда држава до Њујорк по 11 септември

    26.09.2025 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Зеленски: Унгарски дронови го нарушија воздушниот простор на Украина
    • Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
    • Нетанјаху: Да им се даде на Палестинците држава до Ерусалим по 7 октомври е како да ѝ се даде на Ал Каеда држава до Њујорк по 11 септември
    • Трагедија во Грција: На плажа пронајден мртов германски турист
    • Трамп: Блиску сме до договор за крај на војната во Газа
    • Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година
    • Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
    • Лукашенко: Путин има добар предлог за крај на војната
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Дел судии и обвинители не ја заслужуваат ниту оваа плата

    Мицкоски: Дел судии и обвинители не ја заслужуваат ниту оваа плата

    24.09.2025 во 13:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на судиите и обвинителите за ставот дека нивните плати не се заслужени и обвинувањата од опозицијата за блокирање процесот на реформската агенда во правосудството, изјави:

    „Благодарам на прашањето, суштинско. Важно прашање за иднината на државата и владеењето на право. Одговорот ќе го поделам во два дела. Првиот дел е следен. Сега веќе на цела македонска јавност и стана дека, не зборуваме за суштински реформи во Судството и Обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите, со цел зголемување на платите. Тоа е реформата, и добро е што сега македонската јавност може да суди. Дали овие коишто, не зборам за сите, ќе повторам, еве нека ми простат, има и такви коишто си ја вршат својата работа согласно со Закон и Устав, но има мал дел коишто го загрозуваат овој процес, и обвинители и судии, коишто не ја заслужуваат ниту оваа плата којашто ја земаат.

    Понатаму, дали ние ќе одвоиме, да речеме два пати повеќе, од некои многу поразвиени земји членки во Европската Унија, еве оставам јавноста и граѓаните да судат, за платите на судиите и обвинителите. Тоа е суштината. Значи ние континуирано зборуваме за зголемување на платите на судиите и обвинителите. Никој не е против измените во Законот за обвинителска и судска служба, тие се два закони. Каде што за администрацијата, за вработените во судовите и обвинителствата ќе ги зголемиме платите. И тоа ќе го направиме, и тоа е дел од преговорите што ги водиме со синдикатите и ние сме подготвени тоа да го направиме. Тука никој нема против и тоа ќе го направиме, затоа што дискрепанцата е пет, седум спрема еден, помеѓу нивните асистенти и помошници и самите обвинители и судии. И ќе почнеме еден цел серијал на случаи како суделе поедини судии и како обвинувале поедини обвинители. Јавноста нека суди дали тие заслужуваат, па да кодошат таму по Брисел и каде одат дека Владата не им ги зголемува платите. Еве јавноста нека суди и тие во Брисел нека судат дали овие луѓе што се генератори на корупцијата во државата, наместо да се борат против корупцијата, ја заслужуваат оваа плата. Ние како Влада еве 15 месеци сме избрани, нема ниту еден скандал криминален, коруптивен, тоа е владеење на право. Општините четири години, каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, нема ниту еден скандал криминален, коруптивен.

    Еве јавноста нека суди дали 1,3% од БДП, коешто еве проектираме, некаде таму 2028, при крајот на мандатот на оваа Влада, номинален да биде, некаде околу 20 милијарди долари. Тоа значи 260 милиони долари треба да имаат буџет. Јавноста нека суди, еве ние нема да зборуваме.

    И вториот дел од мојот одговор. Јас не очекувам од тие, коишто ги поставуваа овие судии и обвинители да имаат поинаков став од тој којшто го имаат, заштитнички. Кој ги брани обвинителите и судиите, повторно ќе кажам се оградувам, не мислам на сите, мислам на мал број. Не мислам на сите, мислам на мал број. Тоа се најчесто оние политичари коишто доаѓаат од Мала Речица или од Бихачка, бидејќи тие се нивниот последен бастион за одбрана од криминалот и корупцијата во минатото. Затоа што се свесни и исплашени, тоа е многу важно, исплашени, дека оној шверцерски закон којшто го протнаа, односно измените на оној шверцерски закон којшто го протнаа со европско знаме во Парламентот, не е доволен да се спасат. И дека има и други одредби коишто го препознаваат нивниот криминал. И за којшто тие треба да дадат отчет. Но со овие судии и обвинители, ќе повторам, да не бидам погрешно сфатен, неколкумина коишто се последниот бастион во одбрана на поранешната Влада на СДСМ И ДУИ, правдата е невозможна. Затоа после локалните избори ќе ги најдеме сите правни механизми, без разлика какви и да се критиките. Без разлика какви и да се критиките, мора да имаме обвинители коишто обвинуваат и судии коишто судат според Закон и Устав.“

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Нетанјаху: Да им се даде на Палестинците држава до Ерусалим по 7 октомври е како да ѝ се даде на Ал Каеда држава до Њујорк по 11 септември

    26.09.2025 во 22:40

    Зеленски: Унгарски дронови го нарушија воздушниот простор на Украина

    26.09.2025 во 23:21

    Трагедија во Грција: На плажа пронајден мртов германски турист

    26.09.2025 во 22:17

    Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој

    26.09.2025 во 22:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.