Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски дециден: Уставни измени по принципот на булинг нема да има, бараме одржливо решение за влез во Европската унија

    Мицкоски дециден: Уставни измени по принципот на булинг нема да има, бараме одржливо решение за влез во Европската унија

    28.07.2026 во 09:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставните корекции под форматите и диктатите кои во моментов се инсистираат во јавноста нема да се реализираат, порача синоќа премиерот Христијан Мицкоски. Тој подвлече дека останува отворен за дијалог на секоја адреса сè додека не се обезбеди трајно и одржливо решение кое ќе гарантира вистинска евроинтеграција, а Владата во меѓувреме целосно ќе се посвети на домашните реформи и подобрувањето на животниот стандард.

    Шефот на извршната власт потенцираше дека во односите со Европската Унија мора да владеат принципи, а не двојни аршини.

    Според неговите тврдења, исто како што од Македонија се бара исполнување на преземени обврски, така и Софија мора да ги почитува меѓународните норми за човекови права.

    Премиерот Мицкоски јасно ја посочи асиметријата во барањата од Брисел и Софија:

    „Сега од нас се бара по принципот, ние сме внатре вие сте надвор и вие сакате да дојдете внатре, да прифатиме тоа што е договорено, а од друга страна тоа што го прифатила некоја бугарска влада, во случајов почитување на човекови права, јасно е дека имаме дузина пресуди од Стразбур, од Судот за човекови права за македонската заедница во Бугарија, да се почитуваат нејзините човекови права, да се дозволи регистрирање на клубови на организации итн., тоа да не се почитува, а ние да го почитуваме“ – изјави тој.

    Пристапот кон Македонија е во спротивност со европските вредности

    Оценувајќи го притисокот врз Скопје како непринципиелна политика која нема никаква допирна точка со Копенхашките критериуми, премиерот подвлече дека компромисите со основните вредности го уриваат кредибилитетот.

    Тој ја илустрираше состојбата преку следнава изјава:

    „Ова не е шведска маса, па ова ми одговара, тоа не ми одговара, ова ќе си го земам, тоа ќе го оставам. Не, ова се принципи. Колку си играте со принципите, толку тежите како човек. Ако правите компромис со принципите тогаш кога вас ви одговара, тогаш губите на специфичната тежина како човек“ – кажа премиерот.

    Крајната цел е полноправно членство, а не инстант решенија

    Премиерот потсети на сите досегашни отстапки – од промената на знамето и банкнотите, сè до промената на уставното име, за кои исто така се ветуваше брз пробивачки чекор кон ЕУ, но земјата и понатаму тапша во место.

    Мицкоски заклучи дека научените лекции од минатото наложуваат поимање на работите со поголема јасност:

    „И секогаш беше онаа иста реторика, прозорецот е отворен, сега е моментумот, само уште ова направете го и завршено е. Како што гледате искуството не учи на потешкиот пат. Јас само се обидувам како прв човек во Владата да ги гледам работите малку појасно“ – заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.