Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Дали во ДУИ и СДСМ ќе има кадровски освежувања и поместувања е нивно внатрешно прашање

    Мицкоски: Дали во ДУИ и СДСМ ќе има кадровски освежувања и поместувања е нивно внатрешно прашање

    06.11.2025 во 12:42
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека е внатрешна работа на ДУИ и СДСМ дали ќе прават кадровски освежувања по лошите резултати на локалните избори.

    Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ стои надвор од тие процеси.

    „Тоа е нивна работа. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имав многу надворешни замешателства и кога бевме во опозиција, и периодот после оние Локални избори во 2021 година. Јас се водам по една стара максима, која што вели, не му правим на човека тоа што не сакаш тебе да ти прават“, рече Мицкоски.

    Премиерот додаде дека она што го интересира е сите подеднакво да се грижат за државата.

    „Ние апсолутно стоиме надвор од тие процеси, не не интересираат, тоа си е внатрешна работа на политичките партии. Дали во ДУИ ќе има одредени кадровски освежувања и поместувања, дали во СДСМ, тоа си е нивна работа“, изјави тој.

    Мицкоски испрати порака до опозициските партии дека без разлика на позицијата, треба да се грижат за иднината на државата.

    „И ние без разлика, некогаш сме во Владата, некогаш во опозиција, треба да се грижиме за иднината на оваа држава, и за достоинството на граѓаните. Тоа е мојата порака, и до едната опозициска партија и до другата опозициска партија, бидејќи таму следам дека ќе има одредени структурни поместувања“, рече Мицкоски.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.