Close Menu
Press24
    Најново

    Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената

    03.04.2026 во 21:15

    Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува

    03.04.2026 во 21:12

    Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца

    03.04.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува
    • Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца
    • Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток
    • Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина

    Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина

    18.09.2025 во 11:373 Mins Read
    ФОТО: Влада
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници.

    Премиерот Христијан Мицкоски во говор на настанот „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“ рече дека инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор.

    „Кога велиме „инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, тоа не е само слоган – тоа е нашата визија и обврска пред граѓаните. Јавната администрација е темелот на државата. Таа сте вие – луѓето кои секојдневно го носат товарот на институциите. Вашата работа е лицето на државата, вашиот став е впечатокот кој граѓаните го добиваат за институциите. Овој прв циклус на генерички обуки – со 600 учесници од локално и централно ниво – е јасен сигнал дека оваа Влада не се плаши од промени, туку ги носи. Обезбедивме врвни меѓународни обучувачи, современи програми и методологии кои не само што го пренесуваат знаењето, туку ја менуваат и културата на работење“, рече Мицкоски.

    Според него, јавната администрација неодамна била сведена на политички плен.

    „Наместо развој – партизација. Наместо мотивација – страв и реваншизам. Наместо обука – клиентелизам. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени на цедило. Чекавме со години за нормални системи за обука, а резултатите беа стагнација и загубени генерации на службеници кои немаа пристап до современи знаења. Тоа време заврши. Денес јавно кажуваме: јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен. Ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните. Естонија ни покажа дека малите земји можат да бидат големи по иновации. Словенија покажа дека администрацијата може да биде мотор на реформите. Тоа се приказни кои почнале како што ние почнуваме денес – со луѓе кои решиле да се обучуваат, да се менуваат и да ја менуваат својата земја“, вели Мицкоски.

    Ги повика министрите и градоначалниците да продолжат да ги поддржуваат ваквите програми.

    „Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди. Овие обуки се доказ дека не чекаме да ни биде кажано што да правиме. Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор. Апел до министрите и градоначалниците: Ве повикувам сите министри, директори и градоначалници: продолжете да ги поддржувате ваквите програми. Осигурете се дека секој вработен во вашите институции ќе има пристап до обука, менторство и можност за професионален развој. Ова не е трошок – ова е најпрофитабилната инвестиција за државата.“, рече тој.

    Мицкоски порача дека заедно можеме да создадеме јавен сектор кој нема да биде само апарат на државата, туку двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на Македонија.

    „Ова е само почеток. Верувам дека секој од вас ќе биде амбасадор на промената во својата институција. Ќе ја понесете оваа енергија и ќе ја претворите во резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат. Времето на Македонија е сега. Ние сме генерацијата која мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината на европската иднина. Ве повикувам – учете, прашувајте, дискутирајте. Бидете храбри да воведувате нови практики. Бидете тие кои ќе ја остават администрацијата поефикасна, почесна и посилна од кога било. Заедно ќе создадеме јавен сектор кој нема да биде само апарат на државата, туку двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на Македонија“, изјави премиерот Мицкоски.

    Top News
    Популарно

    Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената

    03.04.2026 во 21:15

    Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува

    03.04.2026 во 21:12

    Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца

    03.04.2026 во 20:54

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.