Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Завршил во болница и останал без мотоцикл – Гостиварчанец паднал од мотоцикл кој го возел без дозвола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Цврсто стојам зад изградбата на дата-центри

    Мицкоски: Цврсто стојам зад изградбата на дата-центри

    28.08.2026 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Берово повторно застана во одбрана на развојот на индустријата со дата-центри во Македонија, оценувајќи дека станува збор за неповратен процес и сектор во кој државата треба да се позиционира ако сака да биде лидер во регионот.

    Говорејќи за иницијативата во Пехчево, Мицкоски рече дека станува збор за приватна иницијатива и дека локалниот Совет и Општината веќе го кажале својот став. Сепак, нагласи дека Владата останува на целта за развој на ваков тип индустрија на локации каде што има услови и каде што тоа е дозволено со закон.

    „Ние како држава апсолутно остануваме на нашата цел за развој на таков тип индустрија, бидејќи тоа е иднината и тој процес е неповратен“, изјави Мицкоски.

    Тој ги отфрли критиките на опозицијата, оценувајќи дека дел од јавните пораки за ризиците од дата-центрите се политизирани и се темелат на застарени аргументи. Според него, не може однапред да се тврди дека ваквите инвестиции ќе имаат негативно влијание врз квалитетот на животот.

    Мицкоски порача дека државата треба да одлучи дали сака да биде лидер во регионот или повторно да остане на дното, додавајќи дека и политички и професионално стои зад развојот на оваа индустрија.

    „Јас апсолутно и политички, и како професор и како инженер, стојам зад изградбата на оваа индустрија и ќе ја поддржам целосно“, рече премиерот, додавајќи дека Владата ќе преземе и институционален ризик за развојот на секторот.

    Во однос на едно од главните прашања во јавноста – кој ќе ја плаќа електричната енергија што ќе ја трошат дата-центрите – Мицкоски рече дека трошокот ќе биде на инвеститорот.

    „Струјата ќе ја плати оној кој што ќе ја троши, по цена по која ќе ја договори на слободниот пазар“, изјави тој.

    Премиерот се осврна и на дебатата околу потрошувачката на вода за ладење на дата-центрите. Според него, дел од критиките се темелат на технологии стари 10, 15 или 20 години и не ги земаат предвид современите системи.

    Мицкоски посочи дека денес постојат различни начини на ладење, зависно од намената на дата-центарот и од тоа дали инфраструктурата ќе се користи за вештачка интелигенција или за други дигитални услуги.

    Изјавата доаѓа во период на засилена политичка дебата околу најавите на Владата дека разговара со повеќе потенцијални инвеститори за дата-центри, додека опозицијата бара да бидат објавени деталите за потрошувачката на струја и вода, условите што би им се понудиле на инвеститорите и економската корист за државата.

    Прочитај повеќе

    Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд

    11.09.2026 во 12:17

    Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец

    11.09.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.