Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места

    26.02.2026 во 15:24

    Мицкоски: 22 години од смртта на Борис Трајковски – неговото лидерство беше водено од визија за европска Македонија

    26.02.2026 во 15:20

    Напад во домот за стари лица во Куманово: Скопјанка заврши во болница

    26.02.2026 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места
    • Мицкоски: 22 години од смртта на Борис Трајковски – неговото лидерство беше водено од визија за европска Македонија
    • Напад во домот за стари лица во Куманово: Скопјанка заврши во болница
    • Поранешниот градоначалник на Кичево заработи кривична – го оштетил општинскиот буџет за над 1,4 милиони денари
    • Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, воведуваме ред за парите да завршат кај вистинските земјоделци
    • Следува температурен шок – УХМР со најнова прогноза
    • Драма во кривопаланечко: Приведена една од ќерките на сопственикот на кравите
    • Скопјанка фатена со марихуана на влез во „Идризово“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука

    Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука

    05.02.2026 во 20:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ставот на Владата за уставните измени останува непроменет и тие нема да се случат без јасни гаранции дека процесот на евроинтеграција нема да биде проследен со нови блокади и билатерални условувања, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски во гостување во Дневникот на Македонската радио-телевизија (МРТ).

    Вели земјава е подготвена да ги почитува преземените меѓународни обврски, но, како што истакна, истото го очекува и од соседите и од Европската Унија. Мицкоски побара реципроцитет во почитувањето на правата, конкретно посочувајќи на обврските на Бугарија за почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур.

    – Ние велиме вака: го почитуваме ли сите меѓународното право? Го почитуваме. Ако го почитуваме, и ако ние сме свесни за преземените обврски на претходната влада, колку и да биле тие катастрофални, преземени се од нашата Влада, без разлика кој е таму сега премиер и слично. Дали му е тоа по волја или не му е по волја, опцијата е: ако се однесувате вон институциите, ќе бидете изолирани и прашањето е каква иднина ѝ следува на државата. Колку и да е горчливо сето тоа, тоа е реалност, изјави Мицкоски.

    Според него, принципиелен став е соседна Бугарија да ги почитува конвенциите кои што ги има ратификувано, што подразбира овозможување на регистрација на македонската заедница.

    – Исто така, бараме и тие да бидат свесни за обврските што некои нивни влади ги преземале. Ако некоја влада на нашиот источен сосед преземала обврска со потпишување и ратификација на резолуции, конвенции за заштита на човекови права, почитување на одлуки на Судот за човекови права од Стразбур и така натаму, тоа што очекуваме е да ги почитуваат. А тоа е да дозволат македонската заедница да се регистрира како организација во која ќе може културно, образовно да општи; таа заедница да има свој претставник во Советот на министри за малцински права, кој функционира во рамките на владата кај нашиот источен сосед. Тоа е принципиелен став, вели Мицкоски.

    Се осврна и на разговорите со претставниците на меѓународната заедница, од кои, рече, добива уверувања дека ЕУ нема да дозволи нови блокади и дека го признава македонскиот идентитет. Сепак, Мицкоски останува цврсто на ставот дека овие уверувања мора да се официјализираат преку заклучок на Советот на ЕУ.

    – Ако е така, ако навистина го мислите тоа, тогаш, ве молам, како заклучок, донесете го тоа, за да можеме ние да излеземе пред граѓаните и да кажеме: „Видете, луѓе, сакаме ли во Европска Унија? Сакаме. Баравме ли од Европската Унија гаранции за нашиот идентитет, јазик, дека нема да има билатерални вета? Еве, нов заклучок донесе Советот за нас, гледате, ни го испорачува тоа. Од друга страна, еве гледајте, нашиот источен сосед дозволи ОМО „Илинден“ – Пирин да се регистрира, сега имаме претставник во Советот на министри за малцински права во таа влада“, и така натаму. Што значи дека сега имаме гаранции на кои може да им се верува. Во ред, тогаш можеме да дискутираме што ние, како Влада, ќе испорачаме, додаде Мицкоски.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Граѓаните и фирмите не ги прифаќаат казните од камерите „Safe City“ – 476 лица ќе ја бараат правдата на суд

    26.02.2026 во 12:58

    Познато од што боледува министерот Дачиќ

    26.02.2026 во 09:14

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.