Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ започнува граѓанска иницијатива за собирање потписи за укинување на Законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ започна постапка за укинување на Законот за попис, затоа што не се слушна мислењето на опозицијата, затоа што сметаме дека Закон за попис и целата ситуација е консензуално политички договорена работа која требало да биде и во која ќе бидат познати сите чекори, ова во интервју за КУРИР го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Ние во овој процес ја немаме методологијата, ние дополнително ги немавме сите дефиниции имајќи во предвид дека законско решение се донесува еднаш на десет години, имајќи предвид дека кај нас попис не е извршен повеќе од 19 години сметавме дека во ова законско решение требаше да бидат вметнати сите овие нелогичности или барем моменти на сомнежи од страна на опозицијата. До такво нешто не дојде, затоа ВМРО-ДПМНЕ започна граѓанска иницијатива за отпочнување постапка за собирање на потписи за укинување, односно престанок на важење на одредено законско решение. Постапката е започната, до ДИК е однесена иницијативата, а по собирањето на 100 потписи во собранието е доставена и иницијативата, а сега на ред е оваа иницијатива претседателот на собранието да ја достави до матичната комисија тоа е Комисијата за политички систем и односите меѓу заедниците и законодавно правната комисија за да ја разгледаат иницијативата, вели Мицевски.

Мицевски во интервју за КУРИР на прашањето за интерпелациите на Димитров, Маричиќ и Николоски вели дека точките на опозицијата како и во минатиот состав на парламентот и сега се ставаат на последно место на дневниот ред.

-Во текот на минатиот мандат имавме поднесено осум интерпелации по однос на работата на министрите, а само две го видоа светлото на денот, а сите останати шест интерпелации се ставаат како последни точки на дневниот ред, а кога ќе дојде до последната точка седницата се прекинува и никогаш не продолжува, вели Мицевски.

Целото интервју за КУРИР на Мицески можете да го погледнете во продолжение:

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега