Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги слуша младите и нивните проблеми и нуди решенија, да ги задржиме младите во државата
„Мило ми е што Унијата на млади сили ме покани на нивната трибина „младински предизвици и перспективи на локално ниво“. Ќе ги слушнеме младите затоа што тие се предвесници и на пркосот и на револуцијата, а јас осврнам на активностите кои ние како пратеничка група ги имаме во Парламентот и она кое го нудиме.“- изјави Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Како опозиција можеме да реагираме со амандмани, меѓутоа тука е и претседателот на УМС Сергеј Попов кој ќе ги пренесе оние делови од програмата кои ние како пратеничка група во наредниот парламентарен состав како владејачка партија ќе ги имплементираме во интерес на младите во државата.
Да успееме прво да ги задржиме младите, а потоа зошто да не да почнеме да враќаме и од тие продуктивни кадри кои ги има нашата држава во целиот свет.
Националниот совет, младинската програма, формирање на локални совети, во секоја институција млад соработник кој ќе работи за младите и нивните проблеми, Агенцијата за млади и спорт да направи истражување кои се потребите на младите и многу други проекти и мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира во својата програма.
Тука сме да ги слушнеме младите, да ги видиме проблемите, и да бараме решавање на тие проблеми.- додаде Мицевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа