Македонската пејачка Елена Ристеска преку социјалните мрежи упати потресна и емотивна порака за смртта на нејзиниот долгогодишен пријател и колега, Владимир Блажев – Панчо. Ристеска изрази неверување и длабока тага, велејќи дека се чувствува скршена.

„Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав!

Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме!?Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?!

Од правење друштво во диско дур пушташ музика- до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти…Се прејадувавме со бајадери додека се возевме.Се лутевме еден на друг понекогаш како прави брат и сестра. Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за дует наш со ДНК кој никогаш не го снимивме!

:(((

Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе!? Ах,Бате мој, “Како да се радувам јас кога те нема?”

До следно видување, таму горе, каде нема вакви неправди и болка“, напиша Ристеска.

Exit mobile version