Close Menu
    Најново

    Нетанјаху: Слабоста пред тероризмот носи само повеќе тероризам

    02.10.2025 во 22:48

    На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни

    02.10.2025 во 22:33

    Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

    02.10.2025 во 22:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Нетанјаху: Слабоста пред тероризмот носи само повеќе тероризам
    • На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни
    • Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
    • Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром
    • Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип
    • Лукровски: Ќе го решиме проблемот со паркирање на карпошани
    • Филипче: Без нашите проекти Мицкоски нема каде да се слика
    • Мицкоски: На раководството на СДСМ не му веруваат ниту традиционалните гласачи
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Меџити: Чаир ќе се модернизира преку поставување на подземни контејнери за комунален отпад

    Меџити: Чаир ќе се модернизира преку поставување на подземни контејнери за комунален отпад

    30.09.2025 во 16:04
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес сме собрани овде за да прогласиме крај на една ера на импровизации и да го означиме почетокот на системско, темелно и долгорочно решавање на еден од најголемите предизвици за нашата општина, комуналната хигиена, рече Изет Меџити, лидер на Демократското движење и кандидат за градоначалник на Чаир од Коалицијата Вреди.

    Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредни јавни површини не смеат повеќе да бидат дел од секојдневието на Чаир. Овие слики не само што го нарушуваат угледот на нашата општина, туку директно влијаат врз квалитетот на живот и здравјето на секој од нас, на нашите деца и на нашите најстари, посочи Меџити.

    „Затоа, денес не сме тука да зборуваме за проблеми. Проблемите сите ги знаеме и ги живееме. Денес сме тука да понудиме јасен, конкретен и остварлив план. Визија која ќе го трансформира Чаир во чиста, уредна и модерна општина, каква што сите ја заслужуваме“, истакна Меџити.

    Меџити нагласи дека нивната стратегија се темели на три клучни столба:

    ПРВ СТОЛБ: МОДЕРНИЗАЦИЈА И ТРАЈНО РЕШЕНИЕ, ИНСТАЛАЦИЈА НА ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

    На Чаир му е потребна револуција во управувањето со отпадот. Затоа, го најавуваме нашиот капитален проект: „Чаир без отпад на улиците“. Овој проект предвидува целосна замена на постоечките, честопати нефункционални контејнери со најсовремен систем на подземни контејнери низ целата територија на општината.

    Се обврзуваме на целосна замена на постоечките садови за отпад со современ систем на подземни контејнери. За овој капитален зафат, обезбедуваме буџет од 120.000.000 денари, со рок на имплементација од 36 месеци.

    Што добиваме со ова?
    Естетски убава и чиста средина: Подземните контејнери го елиминираат визуелното загадување и го ослободуваат јавниот простор, како тротоарите и паркинг местата.
    Крај на непријатните миризби: Системот е херметички затворен, со што трајно се спречува ширењето на непријатни миризби, особено во летните месеци.
    Зголемен капацитет и ефикасност: Еден подземен контејнер заменува пет до шест стандардни контејнери, што значи поретки и поефикасни операции за празнење.

    Спречување на расфрлање на отпадот: Се оневозможува пристапот на животните и неовластените лица до отпадот, со што се става крај на грдите слики околу контејнерите.
    Ова не е далечна иднина, ова е проект кој ќе започне со реализација веднаш, во фази, почнувајќи од најкритичните точки во општината.

    ВТОР СТОЛБ: СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ГРАД СКОПЈЕ И ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
    Чистотата на Чаир не е одговорност само на општината. Таа е заедничка грижа. Затоа, ќе иницираме и воспоставиме највисоко ниво на соработка со Град Скопје и со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
    Што конкретно значи ова?
    Заеднички оперативен план: Ќе формираме заедничко координативно тело кое ќе изготви динамичен план за чистење, со јасно дефинирани обврски. Нема повеќе префрлање на одговорноста.
    Зголемена фреквенција на услуги: Ќе договориме и обезбедиме почесто подигање на отпадот, редовно машинско и рачно метење, како и миење на главните улици и булевари во Општина Чаир.
    Мобилни еко-тимови: Ќе воведеме мобилни тимови за брза интервенција кои ќе реагираат веднаш на пријави од граѓани за диви депонии или поголеми количини на отпад.
    Нашата цел е јасна: машинеријата на „Комунална хигиена“ да биде постојано присутна на терен, а не само пред празници или за време на кампањи.

    ТРЕТ СТОЛБ: ЧАИР Е НАШ ЗАЕДНИЧКИ ДОМ , ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ
    Најубавите проекти и најдобрата соработка нема да успеат ако не ја разбереме дека чистотата започнува од секој од нас. Ќе покренеме широки едукативни кампањи под мотото „Мојата улица, мојот дом“. Ќе соработуваме со училиштата, со урбаните заедници и со граѓанскиот сектор за да изградиме нова култура на живеење и однос кон јавниот простор.

    Ова е нашиот план. Тој не е список на желби, туку сериозна и обмислена стратегија со јасни чекори, рокови и одговорност. Време е Чаир да го добие ликот што го заслужува, лик на модерна, чиста и европска општина.
    Ние сме подготвени да работиме деноноќно за да ја оствариме оваа визија.
    Ги повикуваме и граѓаните, и институциите, да ни се придружат.
    Заедно, ќе создадеме почист, поубав и поздрав Чаир за сите нас и за генерациите што доаѓаат.„, нагласи Меџити.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    Хорор: Му се расипал автомобилот, па повикал шлеп-служба, додека чекал се појавил мистериозен човек поради кој завршил во болница

    02.10.2025 во 10:14

    УХМР со предупредување: Портокалова фаза во Македонија – од утре многу дожд и снег

    01.10.2025 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.