Метеоролозите со детална анализа: Пад на температурите, дожд и грмежи

До среда нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која ќе условува сончево време, повремено со умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува, информира метеорологот Славчо Попоски.

Максималните дневни температури и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Зголемена облачност ќе има во четврток и во петок а локално, особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороеон дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот, во четврток и во петок ќе бележат тенденција на пад за неколку степени во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега