Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, во пресрет на неговиот проштален натпревар во репрезентативниот дресот, доби исклучително ласкаво признание – титулата „Почесен доктор“ (Doctor Honoris Causa) од Универзитетот во Буенос Аирес.

Според информациите од францускиот медиум RMC, најпрестижната образовна институција во Аргентина едногласно одлучила да му го додели ова највисоко почесно одликување како награда за неговата спортска кариера, успесите со репрезентацијата и репрезентирањето на земјата на меѓународната сцена. Високиот совет на Универзитетот наведе дека кариерата на светскиот шампион и осумкратен добитник на Златната топка претставува

„пример за извонредност, упорност, скромност и етичко однесување“.

Од институцијата појаснуваат дека титулата не носи никакви обврски. Меси не стекнува академски или професионални права, ниту пак ќе држи предавања на универзитетот, со што тој останува единствениот фудбалер со вакво почесно признание.

Exit mobile version