На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, а во врска во деталниот урбанистички план за скопската населба Барутана, лоцирана на падините на планината Водно.

Филипче посочи  дека СДСМ јасно и недвосмислено застанува на страната на граѓаните кои се противат на урбанизацијата на Водно и најавите поврзани со планот за населбата Барутана, за што дека ова е и првата работа која што произлегува и од најавениот мастер план на СДСМ.

„Една работа којашто произлегува од револтот, реакциите на граѓаните, а тоа е проектот, односно деталниот урбанистички план кај Барутана, сакам јасно и гласно да им порачам на граѓаните да знаат дека додека јас сум претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во делот на Барутана, на Водно, ниту една цигла нема да биде изградена“, рече Филипче.

Тој посочи дека ставот е усогласен и со градоначалникот и дека СДСМ дополнително ќе го образложи својот став пред јавноста.

„Овој став е искоординиран со градоначалникот (Герасимовски) и ќе го елаборираме детално на заеднички брифинг. Ние така работиме, слушајќи ги пред сè потребите и граѓаните. Ако таму има немир, апсолутно на крај памет не ни паѓа како партија да поддржиме нешто на што граѓаните сериозно се противат“, рече Филипче.

Филипче ги отфрли и обидите на ВМРО да создаваат лажна слика за наводен договор меѓу СДСМ и ВМРО околу урбанизацијата на Водно.

„На крајот на краиштата, конечно да се разбие и таа теза, еве гледаме дека се користи широко, дека има некаков договор помеѓу ВМРО и СДСМ, па таму имале некои плацеви и некои компании блиски до ВМРО. Апсолутно ниту мене, ниту раководството на партијата тоа не нè интересира. Клучен и врвен приоритет за нас е гласот, интересот на граѓаните. Нема цигла да се изгради на Водно додека сум претседател на СДСМ“, рече Филипче.

Exit mobile version