Close Menu
    Најново

    Одлична вест за младите: Аеродром ги ослободува од комуналии за изградба на прв дом

    18.11.2025 во 11:49

    Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    18.11.2025 во 11:43

    Жичницата на Водно не е во функција – позната причината

    18.11.2025 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Одлична вест за младите: Аеродром ги ослободува од комуналии за изградба на прв дом
    • Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите
    • Жичницата на Водно не е во функција – позната причината
    • Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“: Обвинети 38 лица, судењето ќе се одвива во Идризово
    • Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока
    • Хаос на патот Блато-Дебар: Пијан дебарчанец се забил во полициско возило
    • Врапчиште: Приведен маж баран за издржување казна затвор
    • Полицијата запре автомобил со албански таблици на излез од Гевгелија, пронајдени пет мигранти
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мерц го критикуваше порастот на антисемитизaм во Германија

    Мерц го критикуваше порастот на антисемитизaм во Германија

    17.09.2025 во 23:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во 2023 година, антисемитизмот станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен во Германија, јавува ДПА.

    -Критицизмот кон израелската Влада мора да е можен, а и јас самиот неодамна изразив таква критика, рече Мерц на 75-годишнината од формирањето на Централниот совет на Евреите во Берлин, „но, додаде тој, нашата земја си ја повредува сопствената душа кога оваа критика станува изговор за омраза кон Евреите – или кога дури води до барања Сојузната Република да се одврати од Израел“.

    „Посветеноста на Германија кон постоењето и безбедноста на Државата Израел е непреговарачки дел од нормативните темели на нашата земја“, додаде германскиот канцелар, пренесен од ДПА.

    Мерц го изрази својот континуиран шок и срам поради антисемитизмот во Германија, за кој рече дека станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен по терористичкиот напад предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

    „Израелските ресторани, местата на еврејски живот и местата на еврејско сеќавање се обезличени и загрозени“.

    Германија минатиот месец го суспендираше извозот на оружје за кое верува дека може да се користи во Појасот Газа, што е првпат Берлин да ја повлече воената помош за Израел.

    Оваа одлука е донесена поради зголемениот јавен притисок и хуманитарната криза во Газа, потсетува германската агенција.

    Германија е најголемиот снабдувач со оружје на Израел, по САД, и долго време е еден од најголемите поддржувачи на Израел, првенствено поради нејзината историска одговорност за Холокаустот за време на Втората светска војна.

    Популарно

    Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал да не кажува дома

    18.11.2025 во 09:43

    МОН ги објави резултатите од ученички стипендии

    18.11.2025 во 09:33

    (ВИДЕО) Зимата пристигна во регионот

    18.11.2025 во 10:33

    УХМР предупредување: Подгответе се за невреме проследено со дожд и силен ветер

    18.11.2025 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.