Меган на раката носеше посебен детаљ врзан со принцезата Дајана- Интервјуто со Опра се уште неемитувано крена прашина (ВИДЕО)

Принцот Хари и Меган Маркл, првпат по напуштањето на кралското семејство, дадоа интервју за познатата Опра Винфри.

Иако интервјуто сè уште не е емитувано, но инстертите кои беа објавени привлекоа големо внимание во јавноста.

Она што исто така привлече големо внимание е како се облечени Меган и Хари и што носат од накитот. Еден детаљ го привлече вниманието на многумина.

Имено, поранешната војвотка од Сасекс носеше фустан од модната куќа „Армани“, а на раката имаше нараквица која и припаѓаше на нејзината покојна свекрва, принцезата Дајана. Ова, се разбира, беше планиран потег.

Имено, како што се наведува, парот одлучил Меган да ја носи токму таа нараквица за „мајката на Хари да биде со нив на некој начин“ за време на отворениот разговор што го договориле со Опра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега