Мега акција на МВР: Уапсени 29 лица за кражба од 6,5 милиони евра во ЕСМ - меѓу приведените и Васко Ковачевски

 


Во голема акција на МВР, уапсени се 29 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, поради сомнение за организирање злосторничко здружение и злоупотреба на јавен повик. Според обвинението, оваа група лица е осомничена за кражба од околу 6,5 милиони евра од буџетот на компанијата, пренесе Нова ТВ.

Меѓу уапсените се и Васко Стефанов, Пеце Матевски, Ардијан Муча, Данчо Стојановски, Маја Јорданова и Небојша Стојановиќ. Сите тие се осомничени за различни кривични дела поврзани со оваа афера.

Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.

10.12.2024 - 08:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега