Меџити за одржливо управување со отпадот: Изградба на регионални системи и стандардизирани депонии според ЕУ норми

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA.
Во своето обраќање, министерот Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и деградацијата на животната средина.
„Управувањето со отпад претставува комплексен предизвик, но и можност за развој на иновативни технологии и за зајакнување на зелена економија. Министерството за животна средина е посветено на изградба на регионален системи за управување со отпад што ќе ги исполнува највисоките европски стандарди, вклучувајќи ја и изградбата на првата регионална стандардизирана депонија во земјата,“ рече Меџити.
Тој ја посочи и потребата од тесна меѓуопштинска и меѓусекторска соработка и почитување на стандардите на ЕУ, кои се неопходни за транспарентно и ефикасно функционирање на системот за управување со отпад и за унапредување на процесот на европска интеграција.
Министерот Меџити информираше и за мерките преземени за чистење на дивите депонии, со цел создавање почист и побезбеден животен амбиент за граѓаните и подобра заштита на јавното здравје.
На крајот, Меџити потенцираше дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност и дека преку соработка ќе се создаде поодржлива и поздравa иднина за идните генерации.
29.05.2025 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа