Меџити: Успешно ја спроведовме кампањата за имунизација кај децата

 

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, вчера имаше свое излагање на стручниот настан посветен на превентивната здравствена заштита, со посебен фокус на имунизацијата и патронажата, во организација на меѓународните организации УНИЦЕФ и УСАИД.

Меџити, истакна дека превентивната здравствена заштита е еден од главните столбови на здравствениот систем.

„Изминатиот период посветено работевме на оваа реформа. Донесовме нов протокол, односно упатство за препишување лекови за хронична терапија кај матичен лекар. Сега здравствената услуга ја добиваат поблиску до местото на живеење. Со поддршка на УН агенциите успешно ја спроведовме кампањата за имунизација со над пет илјади вакцинирани деца или закажани термини за вакцинација. Дистрибуирани се над 13 илјади едукативни материјали за рутинска и ковид вакцинација“, рече Меџити.

Тој информираше дека во претстојниот период активно ќе се работи и во делот на домашната посета.

26.01.2024 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега