Меџити: Со среќа нека и е на Албанија на патот кон ЕУ

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека на Албанија и посакува среќа на патот кон Европската Унија.

Како што вели, како Албанец го радува фактот и посакува нивно брзо европско интегрирање.

 

„Што се однесува до Македонија, може мал дел, но поголемиот дел од вината не е поради оваа влада која владее 100 дена, туку поради нереформските политики на минатите влади и поради таа причина го загубивме чекорот со Албанија во овој случај“, вели Меџити.

Тој вели дека доколку сега зборуваат за уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот тие си земале за обрска толку колку што им следува.

„Како пратеник Албанец, колку се, триесетина, почнете процедура за промена на уставот, нема никаква дилема дека сите Албанци ќе гласаат за измените, затоа што ова е единствената алтернатива за да се придвижиме кон евроинтеграциите. Но тие се 30, а за промена на Уставот потребни се 80 пратеници. Затоа, заедно со нашите партнери во власта, заедно со нашите стратешки партнери работиме посветено секој ден за да се најде решение, подобро и побрзо решение за да се движиме право кон европските интеграции“, додаде Меџити.

30.09.2024 - 22:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега