Меџити им порача на граѓаните да не се грижат: Нема да помине Законот за бранители

 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на прес конференција порача дека нема потреба за загиженост бидејќи законот за бранители нема да помине.

Тој вели дека дилема е дали СДСМ не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти.

„Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт врз основа на кој добиваше и албански гласови, а има и високи албански функционери во своите редови, преку ноќ од граѓански концепт предлага закон за бранители преку поранешната министерка за одбрана Славјанка. Дилемата е дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон, но не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку им е грижа како да се спасат од одговорноста“, подвлече Меџити.

26.09.2024 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега